преродбеник | м.

Истакнат учесник во преродбата на еден народ.

преродбенски | прид.

Што се однесува на преродба, што припаѓа на преродба. Преродбенски поет. Преродбенски обид.

прероди | св.

Направи повторно активен, врати во нов живот. Надежта ги прероди сите.

прероси | св.

Престане да роси. Дождот прероси.

преса 1 | ж.

Направа или машина за притискање, за цедење, гмечење и сл. Рачна преса. Електрична преса.

преса 2 | ж.

Периодичен печат (весници, списанија, журнали и сл.).

пресад | м.

Младо дрво што е за пресадување. Купи пресад од расадникот.

пресади | св.

Откопа растение и насади на друго место.

пресакува | несв.

Бара повеќе од што треба, пребарува. Најмалото ми е најгалено, постојано пресакува.