пресит | прид.

Претерано наситен, презаситен. Беше сит, пресит од расправии. Замислено се загледа во спокојниот преситен од светложолти одблесоци простор пред нас. Преситен раствор.

пресита | ж.

Преситување, преситеност. Нешто од пресита, нешто од виното, клепките му натежнаа.

преситен | прид.

Претерано ситен. Песокот беше преситен.

пресити | св.

Насити прекумера. Преситен воздух.

пресија | ж.

Притисок, принуда. Работи под пресија. Цел живот е под пресија. Врши пресија врз сведокот.

прескакулица | ж.

Детска игра во која играчите се прескокнуваат еден со друг. Децата што чекаат ред играат прескакулица.

прескап | прид.

Премногу, претерано скап. Фустанот беше прескап за неа.

прескок | м.

Скок преку нешто, прескокнување. Трчање со прескок.

прескока | несв.