прескокне | св.
Со скок премине на другата страна од нешто, скокне преку нешто. Тој го прескокна плотот и пресече низ дворот.
прес-конференција | ж.
Средба на политичари, научници, јавни личности и сл. со претставници на печатот, телевизијата, радиото и др. заради давање официјални информации во врска со некои важни општествени прашања.
прескочи (се) | св.
прескромен | прид.
Премногу, прекумерно скромен.
преслаб | прид.
Претерано, прекумерно слаб.
преславен | прид.
Многу, прекумерно славен.
преслага | несв.
преслади | св.
Направи нешто да стане премногу слатко, прекумерно заслади. Кафето си го пресладила, не се пие.
пресладок | прид.
Претерано сладок. Чајов е пресладок.
преслап | м.
Пониско планинско било меѓу две височини; превал, превалец. Горе на височината, на преслапот седнаа да одморат.