претпладне | ср.

Времето од изутрина до пладне. Ова неделно претпладне ќе го помине во прошетка низ паркот.

претпладневен | прид.

Што се случува пред пладне, што се однесува на претпладне. Претпладневно сонце. Претпладневна прошетка.

претплата | ж.

а) Определена сума пари што се плаќа однапред за весници, периодични публикации, книги и сл. Тој беше запознаен со условите за претплата на списанието. б) Определена сума пари што се плаќа секој месец за добивање некаква услуга. Телефонска претплата.

претплатен | прид.

Што се однесува на претплата. Претплатна цена на книгата.

претплати | св.

Изврши претплата за нешто; абонира.

претплатник | м.

Тој што е претплатен, што платил претплата.

претпоследен | прид.

Што е непосредно пред последниот. Тој беше претпоследен во колоната. Акцентот паѓа на претпоследниот слог.

претпоставен | м.

Тој што е по своја службена должност поставен над другите. Тие му ги доставија извештаите на претпоставениот.