претопи | св.
Со загревање, со топење даде друг облик на нешто што се топи (восок, маст, злато итн.). Восокот го претопи во нови калапи.
претопли | св.
Премногу загрее, стопли нешто.
претопло | прил.
Премногу, претерано топло. Му стана претопло во собата.
претопол | прид.
Премногу, претерано топол. Денот беше топол, претопол.
Преторија | ж.
Главен град на Јужноафриканска Република.
преточи 1 | св.
Со точење прелее течност од еден сад во друг. Виното го преточи во шишиња.
преточи 2 | св.
Претерано, премногу наостри (нож, сечило и сл.). Ме пресече, оти го преточи бричот на ременот.
претпазен | прид.
Што претпазува, штити од нешто; превентивен. Претпазни мерки.
претпази | св.
Заштити, зачува од нешто. Тој сакаше да ја претпази од повторна средба со него.
претпазлив | прид.
Што настојува да ги избегне опасностите, што внимава да не се случи нешто лошо, да не згреши и сл. Порано беше претпазлив, а сега отворено ги изнесуваше своите мисли. Стражарите вечерва ќе бидат особено претпазливи.