претприемач | м.

Лице што се обврзува со договор да изведе градежни работи и сл. Ѕидарски претприемач.

претприеме | св.

Преземе обврска, се обврзе да изведе, заврши нешто. Претприемаат нови градежни зафати.

претприемчив | прид.

Што е склон кон потфати, иницијативен, снаодлив, прониклив, енергичен. Претприемчив дух. Зеде претприемчив маж.

претпријатие | ср.

Самостојна економска единица, деловна организација; фирма. Државно претпријатие за транспорт. Трговско претпријатие.

претпролетен | прид.

Што е пред почетокот на пролетта. Претпролетна вечер. Претпролетно цутење.

претпроцесор | м.

Компјутерска програма што ги подготвува податоците за друга програма.

претпубертет | м.

Последните две до три години пред пубертетот.