претрга | св.

Искуси, преживее големи маки, тешкотии и сл.; препати. Женава многу претргала во животот. Се исповеда за страдањата што ги претргал. Претргал многу за правда.

претрес | м.

Проверка на лица и предмети во потрага по нешто украдено или илегално. Изврши претрес на осомничените. Со претресот ги најдоа украдените пари. Личен претрес.

претресе | св.

Изврши претрес на некого или на нешто; пребара. Ги претресоа автомобилите.

претрие | св.

Пресече со триење (со пила, со еге и сл.). Го претрила катанецот.

претрпи | св.

Препати, претрга, преживее болка, тага, повреда итн. Претрпи мозочен удар. Претрпи многу маки. Претрпи срам. Претрпи измени.

претрпне | св.

За болка – престане да боли. Ми претрпна забот.

претрупа | св.

Натрупа нешто во големо количество, повеќе одошто треба. Ја претрупал собата со излишни предмети. Ги претрупа работниците со работа.

претрупи | св.

Пресече на трупци. Ги претрупи стеблата.

претрча | св.

Помине определено растојание со трчање. Претрча двесте метри за триесет секунди.

претседава | несв.

Води седница, состанок и сл. Претседава на седницата. Кој претседава на состанокот?