пречка 1 | ж.

Тоа што пречи, што смеќава (во работата, во дејствувањето, во напредувањето итн.). Пречки во работата. Пречки во дишењето.

пречка 2 | ж.

Попречна греда.

пречка 3 | ж.

Пречкање, задевање.

пречка се | несв.

Се препира со некого, се задева, се кара. Се пречкаат од деца.

пречкрта | св.

Со прецртување текст, цртеж и сл. означи дека е погрешен, поништен; прецрта. Му го пречкртале името на списокот.

пречник | м.

(геом.) Права линија, правец што спојува две точки на кружната линија минувајќи низ центарот на кругот; дијаметар.

пречува | св.

Помине некое време чувајќи некого (обично мртовец). Толку мртовци пречува.

пречувствителен | прид.

Што е претерано чувствителен; преосетлив. Пречувствителна кожа. Пречувствително дете.

пречуе | св.

Пропушти да чуе, погрешно чуе. Го пречу прашањето.