пречука | св.
Презакове (шајки и сл.). Пречукај ги шајките на штиците!
прешие | св.
Сошие повторно или поинаку. Го преши копчето.
преширок | прид.
Што е премногу широк. Преширока облека.
прешлен | м.
(анат.) Секоја коска од 'рбетниот столб. Вратни прешлени.
прешленест | прид.
Што е сличен на прешлен.
прешленски | прид.
Што се однесува на прешлен. Прешленско вкостување.
прештипи | св.
Силно штипне. Толку силно го прештипа, што офна.
преѓа | ж.
Испреден конец од волна, памук, лен и др. како материјал за плетење или за ткаење; предено. Клопче преѓа. Модра преѓа. Тенки преѓи.
преѓе | прил.
Пред кратко време, пред малку, неодамна. Го видов преѓе. Ти кажав нешто преѓе. Те слушнав што рече преѓеска. Го продолжија разговорот од преѓеска
преѓешен | прид.
Поранешен, претходен. Преѓешен спомен. Преѓешна положба. Преѓешна расправија. Преѓешни чувства.