приблуе | св.
(разг.) Почне да блуе, ненадејно поврати, исфрли храна назад од желудникот. Доенчето приблу млеко.
приболи ме (те го...) | св.
Почувствува болка ненадејно или одвреме-навреме. Ме приболе коленото. Го приболеа вените на нозете.
прибор | м.
Комплет предмети, инструменти и др. што имаат слична намена и што заемно се дополнуваат. Сребрен прибор за јадење. Рибарски прибор. Прибор за бричење. Прибор за цртање.
прибран | прид.
Глаголска придавка од прибере2. Што е уреден, среден (во облека, коса и др.). Прибрана коса.
прибрат | м.
Брат по татко или по мајка, полубрат. Стариот имаше две сестри и еден прибрат. Прибраќа на татко ми.
прибрежен | прид.
прибрежје | ср.
прибрза | св.
Направи нешто набрзина, побрза да сврши нешто. Жената прибрза да ја исчисти куќата.
прибрзан | прид.
Што се одвива нагло, набрзина. Прибрзана интервенција.
приварди | св.
Почува извесно време; причува. Те молам, приварди ги децата додека да се вратам од пазар.Таму има пријатели што ќе привардат на имотот.