прибелешка | ж.

Белешка, забелешка. Прибелешки од предавање. Професорот направи неколку прибелешки на текстот.

прибер | прил.

Набргу, скоро.

прибере 1 | св.

а) Собере нешто што е расфрлано, растурено на едно место, среди, раскрене. Прибери ги играчките на едно место. Мајсторите ги прибраа алатите. б) Насобере пари, материјал и сл. малку по малку со штедење. Оваа година прибраа пари за годишен одмор. Тој прибираше материјал за градба. в) Собере податоци, материјал и сл. Полицијата ги прибра сите податоци за престапникот. Момчето прибра документи за вадење виза.

прибере 2 | св.

Насобере уште малку. Ќе прибереме уште еден сандак јаболка.

прибие | св.

(нар. поез.) Почне ненадејно да тепа, да удира.

прибира | несв.

прибирач | м.

Тој што прибира, собирач.

приближен | прид.

Што е близок до определена состојба (големина, обем, количина и сл.), што е скоро, тукуречи точен, прецизен, еквивалентен. Приближен број. Приближна тежина. Приближно количество. Приближна проценка. Приближни резултати.

приближи | св.

Поднамести поблизу до некого или до нешто. Мајката го приближи девојчето до себе и го гушна. Тие ја приближија масата до креветот.

приближно | прил.

Близу, скоро, околу, речиси. Приближно стотина студенти имаше таа студиска група. Значењето е приближно исто.