пашалак | м.

(истор.) Административна област управувана од паша.

пашин | прид.

Што припаѓа на паша2. Пашина војска. Пашини ќерки

пашинец | м.

Близок, доверлив човек на пашата.

пашиница | ж.

Жена на паша. Пашиница во убави одаи

пашит | прид.

За коњ, магаре, маска и др. добиче ‒ што пасе одврзано, без самар, слободно. Пашити добици. Пашитно говедо.

пашка | несв.

Прогонува, брка. Старецот ги пашкаше децата и мавташе со кривото бастунче.

пашканат | м.

Градинарско мирисливо растение со високи и разгранети стебленца и со вретенест бел корен, кои се употребуваат во кулинарството; Pastinaca sativa;

пашов | прид.