пашовица | ж.
паштерка | ж.
Заварена, затечена ќерка во однос на маќеата или доведена, донесена ќерка во однос на очувот.
паштета | ж.
Вид јадење од ситно измелено месо, риби и др. во конзервирана состојба. Свинска паштета. Вкусни паштети.
паштрнак | м.
паѓа | несв.
падне.
пај | м.
Дел што припаѓа некому при делба. Си го зеде пајот.
пајажина | ж.
Тенки нишки од леплива материја што ја лачи пајакот и мрежата од нив. Невидлива пајажина. Низ свеќникот се спуштила долга пајажина. Трошна воденица полна со пајажини.
пајажинен | прид.
Што е од пајажина, што личи на пајажина. Пајажинова нишка
пајажинест | прид.
Што е како пајажина, што личи на пајажина. Пајажинеста тантела. Пајажинести листови.
пајак | м.
(зоол.) Вид бескрилен инсект со стомачна жлезда што лачи тенки нишки секрет, пајажина, којашто му служи за лов или засолниште; Araeae. Пајакот сплете мрежа. Се плаши од пајаци.