припишти | св.

Одеднаш почне да пишти, спишти. Жените и децата припиштеа кога видоа дека гори куќата.

припка | несв.

Лесно трча, трчка. Детето припкаше по мајката.

приплаче | св.

Почне да плаче малку, кратко време. Детето приплака во сонот.

приплеска | св.

За тесто ‒ направи (леб, погача, пита и др.) набрзина; сплеска. Приплескај пита за ручек.

приплете | св.

Доплете уште малку, со плетење додаде кон веќе плетено. Побара клопче преѓа да ги приплете чорапите.

приплод | м.

Расплод. Јагниња за приплод. Младо говедо за приплод.

приплоден | прид.

Што служи за приплод. Приплоден овен. Приплодна крава.

приплоти | св.

Прилепи, збие. Ги приплотиле куќите кон ридот.

приплука | св.

Одеднаш почне да плука; плукне неколку пати. Јадејќи приплука, осети коска од риба. Си имаше обичај во лутина да приплука.