припече | св.

За сонце ‒ одеднаш почне силно да пече. Сонцето припече како среде лето.

припие ми | св.

Одеднаш почувствува желба за пиење (вода, млеко, сок, вино и сл.), почувствува жед. На детето му се припи млеко. Се враќаа од плажа кога им се припи сок.

припика | св.

Со тискање бутне, стави нешто некаде. Ги припика книгите в чанта. Мајка му припика пари в џеб.

припикне | св.

Бутне, турне малку за да се смести некаде. Старицата припикна некое дрво во огништето од печката на дрва.

приписка | ж.

Запис, забелешка како објаснување или дополнување кон определен текст. Приписка на белините од манастирската книга.

припитомен | прид.

Што го направиле питом, спитомен. Припитомена мечка.

припитоми | св.

Направи да стане питом; спитоми. Човекот отсекогаш имал желба да ги припитоми дивите животни.

припише | св.

Допише, со пишување додаде, дополни нешто отстрана кон некој текст. Ќе припишам мое мислење на белините од текстот.