припомогне | св.

Помогне малку или уште малку некому при некаква работа. Тие припомогнаа побрзо да се заврши работата. Децата му припомогнаа на старецот да ги обере јаболкниците.

припомош | ж.

Помош што се дава во даден момент, брза, попатна услуга во нешто. На припомош во гасењето на шумскиот пожар дојдоа војниците.

припоткрене | св.

Крене малку или уште малку, поткрене малку.

приправа | несв.

приправи | св.

Направи, доправи нешто кон веќе направено. За празникот домаќинката направи баклава, но приправи и колачиња.

приправник | м.

Тој што започнува работа во одредена професија, почетник. Адвокатски приправник. Тој стапи на служба како приправник.

приправнички | прид.

Што се однесува на приправник. Приправничка работа.

припрати се | св.

Се обрати кон некого со упорно барање; се. Вдовицата дојде кај него и му се припрати со молба да го ослободи нејзиниот единствен син.