припреде | св.
Со предење додаде кон преденото, испреде уште малку. Девојките ќе припредат од сурата волна.
припрета | св.
Одеднаш почне да прета. Припрета кокошката пред куќата.
припржи | св.
Испржи уште малку кон веќе испрженото. Припржи некое луто пиперче.
припрост | прид.
Простодушен, едноставен, природен; Неука и припроста жена. Наивни и припрости луѓе.
припука | несв.
Одеднаш почне да пука. Од честакот над селото припукаа митралезите. Некаде од подножјето припукаа ловџиите.
припуши ми | св.
Почувствува одеднаш желба за пушење.
припушта | несв.
припушти | св.
Дозволи некому движење, да дојде, да влезе (обично во негација). Војникот го припушти непознатиот само неколку чекори. Тој ништо живо не припушти да стапне на имотот.
приработува | несв.
Подработува, работи кратко време или повремено. Тој понекогаш приработува и во градината.
прирамни | несв.
Израмни, зарамни, направи да биде рамно, дотера нешто со рамнење. Колскиот пат го прирамнија селаните со доброволна работа.