присебен | прид.
Што успева да владее со себеси; мирен, стрплив, ладнокрвен. Присебна мајка. Присебен и храбар човек.
присева | несв.
приседи | св.
приседне | св.
Седне за кратко време, поседи некаде некое време. Тој приседна на клупата во паркчето. Најде празно место во градскиот автобус и приседна.
присее | св.
Насее уште малку, засее дополнително. Присеаја уште една нива пченица.
присени се | св.
безл. Ми (ти, му...) се пристори, се причини нешто. Му се присени нешто во снегот. Ми се присени човек зад мене.
присестра | ж.
Сестра само по татко или само по мајка; полусестра.
присети се | св.
Се потсети, си припомни, си спомне за нешто. Старецот се присети на еден настан од печалбарењето.
присила | ж.
Присилување, принуда.
присилба | ж.