присилен | прид.
Што е со сила, под притисок на сила, принуден. Присилна работа. Присилни мерки.
присили | св.
Натера со сила некого на нешто, принуди. Ги присилија да ги напуштат домовите. Гладот ги присилил да питаат за леб.
прискока | несв.
прискокне | св.
Одеднаш скокне, срипа. Човекот прискокна и го фати коњот за узда. Мајката прискокна да го крене детето.
присламчи се | св.
Се залепи, се приближи до (кон/за) некого назабележано со некаква намера. Се присламчиле децата до човекот мислејќи дека ќе им даде пари.
присливоса се | св.
прислони | св.
Наслони, потпре малку. Девојката ја прислони главата на неговото рамо.
прислужник | м.
Служител. Училиштен прислужник.
прислушен | прид.
Што прислушува или што е наменет за прислушување. Прислушен уред. Прислушна служба.
прислушне | св.
Слушне нешто несигурно, непотврдено, потчуе. Прислушна скриена приказна за дојденците од низините.