присоздаде | св.

Создаде уште нешто (уметничко, научно и др. дело). Тој подоцна ќе присоздаде дела со голема вредност.

присони ми се | св.

Ми се појави на сон, ми се сони. Ноќеска ми се присони другарка ми од студентски денови.

присој | м.

Место што е изложено на сонце, обично на јужна страна, падина или подножје на возвишение;

присојница | ж.

а) присој. б) Многу топло место, место на припек.

присојничав | прид.

Присојничаво место.

приспива | несв.

приспивен | прид.

Што предизвикува спиење, сон. Приспивен глас.

приспие | св.

Направи да заспие некој, успие некого. Го приспа детето и излезе од собата.

приспособи | св.

Направи да биде погодно, удобно за нешто. Тој го приспособи станот за студентско живеење.

приспособлив | прид.

Што може лесно да се приспособи. Приспособлив за секаква ситуација.