присрце | прил.
Со многу чувства, многу емотивно. И случајната забелешка ја примаше присрце. Тој не ја зема присрце молбата.
пристава | несв.
пристави | св.
Стави нешто за јадење, пиење на маса. Домаќинката пристави мезе и ракија.
пристан | м.
Место на река каде што може да се застане. Каменлив пристан. Стоеше на пристанот и гледаше во брзаците. Тој го чекаше другарот на пристанот.
пристане 1 | св.
Потстане, се накрене, се поврати, се соземе по болест или друга слабост, неуспех и сл. Неколку недели по операцијата, тој пристана малку.
пристане 2 | св.
За кораб, чун и сл. ‒ доведе до пристан, застане на пристан. На брегот пристана голем чун.
пристаниште | ср.
Посебно уредено место на река, езеро, море каде што застануваат, се закотвуваат пловни објекти и каде што се вршат работите поврзани со водниот сообраќај. Морско пристаниште. Рибарско пристаниште. Бродови закотвени во пристаништа.
пристаништен | прид.
Што се однесува на пристаниште. Пристаништен простор. Пристаништен кеј. Пристанишна работа.
пристап | м.
Пат, место за пристапување, приоѓање. Пристапите кон градот беа блокирани.
пристапен | прид.
Што се однесува на пристап Пристапниот пат до езерото уште не е направен. Пристапни места.