проискри | св.

Почне да искри. Проискреа дрвата во печката.

проицира | св. и несв.

Предизвика, предизвикува, произведе, произведува. Таквите постапки проицираа незадоволство во колективот.

прокаже | св.

Пријави на власта тајно и анонимно. Го прокажаа предавникот.

прокажен | прид.

Што е болен од кожна болест; лепрозен.

прокаженик | м.

Лепрозен човек. Беше осамен човек, небаре прокаженик.

прокапе | св.

Почне да капе. Снегот почна да се топи, прокапаа стреите. Таванот прокапе.

прокасне | св.

Касне набрзина, како било. Тој дојде, отспа, прокасна и пак излезе.

прокастри | св.

Кастри набрзина, како било. Ја прокастри зелената ограда.