прокашка | св.

Извалка нешто во мала мера. Ручајќи ја прокашка блузата.

прокашла | св.

Почне да кашла; искашла. Прокашла крв. Прокашла уште есента и цела зима не му престана кашлицата.

проквичи | св.

Почне да квичи. Од ударот кучето проквичи.

прокикоти се | св.

Почне да се кикоти. Девојчињата не издржаа, се прокикотија.

прокине | св.

Направи дупка со кинење; пробие. Ги прокинал чорапите кај палецот.

прокисне | св.

Се наводени од дожд; пропушти вода. Пресоблечи се, ти прокиснала облеката. Таванот прокиснал.

прокламација | ж.

Свечено јавно известување за нешто што има општо значење; објава, проглас. Поетска прокламација. Прокламација за независност.

прокламира | св. и несв.

Извести, известува, објави, објавува со прокламација. Ја прокламираа новата програма на организацијата.

проклет | прид.

Што предизвикува омраза; одвратен. Проклета болница. Проклето место. Проклети војни.