пролипа | св.

Почне да липа. Уште не го дочита писмото, пролипа.

пролиста | св.

Разгледа површно некоја книга и сл. Го пролиста новиот учебник и го остави на полицата подоцна да учи.

пролисти | св.

Почне да листи. Пролистеа дрвјата.

пролог | м.

Воведен дел кон литературно дело: драма, роман итн.; (спрот.) епилог. Во прологот авторот ги претставува ликовите.

проложен | прид.

Што се однесува на пролог. Проложни житија.

проломоти | св.

Почне да ломоти. Се намурти и проломоти.

пролонгира | св. и несв.

Продолжи, продолжува рок, важност на договор, меница и сл. Соработката продолжува, договорот го пролонгиравме за уште пет години.

промавта | св.

Почне да мавта. Веднаш штом го виде домаќинот, кучето промавта со опашот.

промажи (се) | св.

Омажи се набрзина, како било. Ја промажија за првиот што ја побара.

промаршира | св.

Маршира кратко време. Почесната гарда промаршира покрај гостите.