пролетен | прид.
Што се однесува на пролет. Пролетно утро. Пролетен ветар. Пролетна јакна.
пролетер | м.
Лице без сопствени средства за производство што живее од продажба на својот труд; наемен работник.
пролетнина | ж.
Пролетни посеви. Мажите работеа на пролетнината, а жените во бавчите.
пролето | ср.
Топли денови во изразот: Лето - пролето.
пролетоска | прил.
Оваа, годинашнава пролет што измина. Пролетоска реката многу надојде.
пролетошен | прид.
Што се однесува на оваа пролет што измина; Пролетошни средби.
пролив | м.
Зачестено празнење на цревата во вид на ретка, слузава столица. Го мачеше стомакот, имаше пролив.
пролива (се) | несв.
пролигави | св.
Почне да лигави. Бебето пролигави, ќе му излегуваат запчиња.
пролие (се) | несв.