просвети | св.
Овозможи образование, подигне степен на просветеност кај населението. Го просвети народот.
просветител | м.
Тој што просветува, што шири просвета. Словенски просветители. Истакнат просветител.
просветителски | прид.
Што се однесува на просветител и на просветителство. Просветителска дејност. Просветителско дело.
просветителство | ср.
Просветителска дејност, чин на просветување. Идеите на просветителството и на рационализмот зрачат низ целиот 19 век.
просветлен | прид.
Што доживеал полна хармонија на духовното и телесното во спознавањето на себеси. Просветлен ум.
просветление | ср.
Јасност на сознавањето.
просветли | св.
Доживее состојба на полна хармонија на духовното и телесното во спознавањето на себеси. Боже, просветли му го умот на кутриов човек.
просвири | св.
(ирон.) За човек или инструмент ‒ почне да свири. Е кога и тој просвирел.
просева | несв.
просее | св.
Исее брашно, песок и сл. низ сито, решето и сл. Жената просеја малку брашно во ноќвите. Работниците убаво ја просеаја песокта со тенка густа мрежа.