проплете | св.
Почне да плете за првпат или по некој период. Таа пак проплете џемпери, елеци, шалчиња.
проплива | св.
Почне да плива за првпат или по некое време. Тој проплива лани на море.
проплука | св.
Почне да плука (обично крв). Болниот проплука крв.
проповед | м.
(црков.) Реч со религиозно-поучен карактер, напишана или изречена, обично в црква по завршувањето на литургијата. Верниците ја ислушаа проповедта со внимание. Зборници со црковни проповеди.
проповеда | несв.
Држи проповед. Млдиот калуѓер ја проповедаше божјата реч.
проповедник | м.
(црков.) Лице што држи проповед, што проповеда. Патувачки проповедници. Тој бил проповедник на прост јазик.
проповедништво | ср.
Проповедничка дејност.
проповедува | несв.
пропозиција | ж.
Предлог.
прополис | м.
Производ на пчелите, сивозелена до сивожолта леплива смолеста материја од восок и поленов прав; пчелна смола.