прото- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење: исконски, почетен, прв по положба, по значење, по настанување.

проток | м.

(геогр.) Морска теснина.

протока | ж.

Лековита билка од која се добива рицинус; Ricinus communis.

протокол | м.

Книга во која се бележи пристигнатата пошта, молби, жалби, претставки и сл.; деловна книга.

протоколарен | прид.

записнички.

протолкува | св.

Изврши толкување на нешто, објасни значење на нешто. Тој го протолкува напишаното.

протон | м.

Елементарна честичка на атомското јадро со позитивно полнење.

протоплазма | ж.

Основна материја на живата клетка.

протосингел | м.

Прв меѓу сингелите; монах кој живее во домот на поглаварот на една Црква ‒ патријарх, митрополит или архиепископ ‒ како гаранти на нивната морална исправност.