прототип | м.
Основен тип, образец по кој се прават сите наредни. Прототип на автомобил на електричен погон.
проточен | прид.
Што се движи, што работи со помош на вода што тече. Проточни хидроцентрали. Проточен бојлер.
протоѓакон | м.
Прв, постар главен ѓакон во епархијата, особено при катедрален или соборен храм, едно од најглавните лица при служењето на епископите.
протојереј | м.
Постар свештеник по чин; ставрофор; протопрезвитер.
протрбуши | св.
Распори стомак; истрбуши.
протресе | св.
Тресе малку, краткотрајно или одвреме-навреме. Тој силно го протресе нежното стебленце и малите сочни плодови паѓаа околу него. Стариот силно го протресе синот за рамениците.
протрие | св.
Истрие малку, краткотрајно, најчесто за дел од телото. Детето сонливо ги протри очите и седна во постелата. Ги протри очилата со едно крпче и си ги стави на носот.
протркала | св.
Тркала малку, кратко време. Го протркала залакот низ беззабата уста и едвај го голтна.
протрча | св.
Со трчање помине покрај некого, покрај нешто или низ некое место. Маратонците протрчаа и низ нашето село. Еден гуштер протрча низ калдрмата во дворот.
протупоти | св.
Помине со тупот. Некој протупоти по скалите. Коњите протупотија по улицата, ама брзо одминаа.