профашист | м.

Лице што го поддржува фашизмот.

професија | ж.

Главна дејност за која се има подготовка и што служи за обезбедување егзистенција; занимање, струка. Што бил по професија?

професионален | прид.

Што се однесува на професија и на професионалец. Професионална ориентација.

професионалец | м.

Тој што се занимава со некоја работа како професија.

професионализам | м.

а) Занимање со нешто како со професија. б) Квалитет или типично својство за определена професија (вештина, компетентност и сл.); аматеризам.

професионализација | ж.

Премин на професионална работа, стекнување на професионални особини.

професионализира | св. и несв.

Претвори, претвора во професија, во постојано занимање. Тој спорт е целосно професионализиран.

професор | м.

Наставник со завршено факултетско образование. Средношколски професор. Професор по македонски јазик.

професура | ж.

Професорско звање, место или катедра на професор. Добие професура.

профет | м.

Пророк, врач, видовит човек.