профитерство | ср.

Профитирање, дејност на профитер.

профитира | св. и несв.

Извлече, извлекува некаква полза, заработува, се здобива со профит. Тој профитираше од продажбата на стари куќи. Нивната фирма профитира од таа зделка.

проформа | ж.

Формално, за да се задоволи формата.

профункционира | св.

Почне да функционира, проработи. Тоа никогаш не профункционира во практиката.

профучи | св.

Помине со голема брзина и остар звук. Неколку куршуми му профучија преку главата. Врз теснолинејката профучи мала локомотива.

прохибитивен | прид.

Што спречува, што забранува. Прохибитивна мерка.

прохибиционист | м.

Приврзаник на прохибицијата и прохибиционизмот.

прохибиција | ж.

Забрана.

процвета | св.

Почне да цвета.