прстен 2 | прид.
Што се однесува на прст1. Прстен зглоб.
прстенест | прид.
Што е во форма на прстен. Прстенести глисти.
прстеновиден | прид.
прстенува | св. и несв.
Даде прстен при свршувачка.
прт | м.
Пат направен со газење на снег, низ снег.
пртен | прид.
Што е од колчишта. Пртено платно.
пртеница | ж.
Вид ткаенина, дебел шајак, аба.
прти | несв.
Прави пат во снегот. Колоната планинари го пртеше дебелиот снег. Домаќинот одеше напред и го пртеше снегот.
пртина | ж.
пруга | ж.
Пат составен од две паралелни метални шини поставени врз прагови покој се движи шинско возило; железничка линија. Трамвајска пруга. Железничка пруга.