прскавец | м.
Едногодишна билка со плод што содржи семки и кој на допир се распрснува на пет дела отфрлајќи ги семките; Impatiens noli tanger L.
прскалка | ж.
Направа или машина со која се прска. Прскањето се изведува со прскалки што се движат по површината или од воздух.
прскач | м.
Лице што изведува прскање, обично со хемиски средства против штетници или плевели.
прскот | м.
Звук што се слуша при прскање.
прскоти | несв.
прсне | св.
Наводени со ситни капки течност, најчесто вода малку, распрсне нешто или на некого; испрска. Тој прсна неколку пати на местото каде што требаше да малтерисува. Таа прсна со спрејот да ја освежи просторијата.
прсоли | несв.
За дожд, снег ‒ врне, паѓа малку или овде-онде. Цела ноќ прсолеше дожд.
прст 1 | м.
Секој еден од крајните делови на раката, на дланката, или на ногата, на стапалото. Му измрзнаа прстите на раката. Малиот прст. Домалиот прст. Средниот прст. Прстот на ногата.
прст 2 | ж.
Горниот, растресит дел од почвата. Малтер од прст и слама.
прстен 1 | м.
Обрач од метал, најчесто скапоцен, што се носи на прст како накит или знак за брачна состојба. Венчален прстен. Златен прстен. Свршенички прстен.