прудолниште | ср.

Надолниште.

прудолу | прил.

Надолу, удолу. Се упатија прудолу низ селото.

пружи | св.

Протегне, простре. Момчето си ги пружи нозете врз масичката.

пружина | ж.

Еластична, метална направа, во различна форма, што се враќа во истата положба штом ќе престане дејството на сила, притисок врз неа; федер. Пружина на часовник. Спирална пружина. Пружина на кревет.

пруса | несв.

Оди ситно-ситно, со брзи и ситни чекори. Девојчето прусаше по калдрмата.

прусалка | ж.

Жена или девојка што оди брзо и ситно, што пруса.

Прусија | ж.

Област во Полска.

прцел | м.

Плетенка.

прцле | ср.

прцел.

прч | м.

Јарец.