прудолу | прил.
Надолу, удолу. Се упатија прудолу низ селото.
пружи | св.
Протегне, простре. Момчето си ги пружи нозете врз масичката.
пружина | ж.
Еластична, метална направа, во различна форма, што се враќа во истата положба штом ќе престане дејството на сила, притисок врз неа; федер. Пружина на часовник. Спирална пружина. Пружина на кревет.
пруса | несв.
Оди ситно-ситно, со брзи и ситни чекори. Девојчето прусаше по калдрмата.
прусалка | ж.
Жена или девојка што оди брзо и ситно, што пруса.
Прусија | ж.
Област во Полска.
прцел | м.
Плетенка.
прцле | ср.
прцел.
прч | м.
Јарец.
прчи | несв.
Подава нанапред, истакнува некој дел од телото (усни, гради; кај животно: муцка, опашка). Девојчето силно ги прчеше усните кон огледалото.