пустикуќа | м.

Расипник, недомаќин, растурикуќа. Нашол лоши другари, арамии и пустикуќовци.

пустина | ж.

(геогр.) Област со многу малку врнежи во текот на годината, обично покриена со песок, со камен и сл, речиси без вегетација. Песочна пустина.

пустиник | м.

Човек што од верски причини се повлекол во самотија прекинувајќи секаков контакт со луѓето; испосник.

пустиништво | ср.

Живот на пустиник.

пустински | прид.

Што се однесува на пустина. Пустински песок. Пустинска жега.

пусто | чест.

При искажување незадоволство. Го маваше магарето и му викаше, ди, пусто. Пусто, што не можам сам да одам да видам.

пусто | прил.

На пуст начин, како во пустелија. Пусто остана полето. Пусто и празно одекнуваше куќата. Пусто му беше на душата.