пшт! | изв.

Пјонгјанг | м.

Главен град на Северна Кореја.

пљампа | несв.

Дрдори, зборува сè и сешто. Пљампа што било и не било.

пљампало | м.

Тој што зборува многу, што дрдори сè и сешто.

пљачка | несв.

Граба, краде. Качаците ги пљачкаа селата. Арамиите пљачкале по патот.

пљачка | ж.

Кражба, грабеж, разбојништво. Па тоа е пљачка.

пљачкаш | м.

Лице што пљачка, што врши пљачка, грабеж.

пљачки | и.

Алишта, предмети од покуќнината, алат, орудија за работа и сл. Ги донесе сите пљачки од колибата: самарот, кошовите, садовите за готвење и лебот. Жените си ги врзале пљачките во бовчите.

пљачкосувач | м.

Лице што пљачкосува, што врши пљачка.