перчинлија | и.

м. (арх.) Тој што носи перчин.

перша | ж.

Јаболко со долгнавеста форма што зрее во доцна есен.

перја | и.

Збирна множина од перо

перјан | прид.

Што е направен од перје, што е со перје. Перјани перници и душеци.

перјаник | м.

Тој што носи перјаница.

перјаница | ж.

Украс од перје на капа, шапка, шлем и сл. Црвена перјаница. Индијанска перјаница.

пес | м.

(зоол.) Домашно животно што лае и обично има улога на чувар; куче; Canis familiaris. Врзан пес. Повремено лавнува пес. Виење на пес. Големи пци. Глутница гладни пци.

песимизам | м.

(филоз.) Сфаќање, поглед на светот од неговата мрачна страна, неверба во иднината придружена со безнадежност и очај.