перфорација | ж.

Пробивање, правење дупчиња.

перфорира | св. и несв.

Направи, прави дупчиња на нешто.

перформанса | ж.

(умет.) Визуелно уметничко дело во кое доаѓа до израз активноста на уметникот.

перце | ср.

Дем. од перо.

перцептивен | прид.

Што се однесува на перцепција, што прима надворешни впечатоци. Перцептивна оригиналност. Вкрстените перцептивни патишта.

перцепција | ж.

Непосредно воспримање впечатоци од стварноста. Првична перцепција. Моќ на перцепција.

перципира | св. и несв.

Забележи, забележува, восприми, восприма, сфати, сфаќа.

перче | ср.

Снопче коса изделена од другата коса; кичер; прамен. Русо перче врз челото. Перче побелена коса.

перчи се | несв.

Се прави важен, покажува надменост, се вообразува. Тој се перчеше пред другарите со своето образование. Жената гласно се фали и видливо се перчи. Војниците се перчеа со смелост.

перчин | м.

(арх.) Плетенка од врвот на темето кај маж.