растока | ж.

Место каде што се разделува река. Пред да се влее во морето, реката се дели на неколку растоки. Неколку речни растоки формираат делта.

растокми | св.

Растури, размести нешто стокмено, натокмено, наместено; натокми. Таа ја растокми куќата. Тој ги растокми парите.

растолкува | св.

Протолкува, разјасни, објасни, изврши толкување. Тој ѝ го растолкува настанот. Му требаше некој да му растолкува што значат нејзините зборови.

растопи | св.

Стопи, истопи, доведе нешто од тврда во течна или во полутечна состојба. Таа го растопи чоколадото на тивок оган. Високите температури и ветрот го растопија снегот.

растоплив | прид.

Што може да се растопи, што е топлив. Растопливи метали.

расторбеши | св.

Неприбрано, несмасно, неуредно облече некого. Таа ги расторбешила децата.

расточи | св.

Расука, расучи, со сучење тесто направи кори. Таа тенко и убаво го расточи тестото во една голема кора.

растојание | ср.

Оддалеченост меѓу два предмета, две места или од една точка до друга. Растојанието меѓу нашите куќи беше педесет метри. Растојанието меѓу двете замислени точки е мерливо.

растрака се | св.

Почне засилено да тропа, да трака. Машината се растрака, ама работеше.