расцрцори се | св.
Почне многу да црцори. Во градината се расцрцорија биљбилите.
расцут | м.
Процут, процвет;
расцутеност | ж.
За растенија ‒ состојба на тоа што е расцутено. Овошките во градината се во фаза на расцутеност.
расцути | св.
расчади се | св.
Почне многу да чади. Оџакот се расчади.
расчекор | м.
Отсуство на усогласеност, изразено несогласување; остра разлика, изразена спротивност меѓу ставови, изјави, дејност и сл. Расчекор меѓу можности и желби. Расчекор меѓу теориската и креативната практика. Продлабочен расчекор.
расчекорен | прид.
Што е со позиција на нозете раздвоени една од друга. Расчекорени нозе. Расчекорен кошаркар. Расчекорен спортист.
расчекори се | св.
При стоење раздалечи, рашири нозе една од друга; се најде во положба со подраширени нозе. Полицаецот се расчекори и ги стави рацете на половината. Детето застана пред мене и се расчекори.
расчепатен | прид.
Што е раширен, со непристојна позиција на телото (нозете). Расчепатени нозе.
расчепати | св.
Рашири, расчепи, раздвои нозе докрај. Тој седна и ги расчепати нозете.