расчепи | св.
Премногу раздвои, рашири преку мера, ширум отвори (обично за нозе, уста). Децата ги расчепиле устите, ги рашириле очите и не трепнуваат. Таа ги расчепи нозете и направи шпага. Тој застана среде голот и ги расчепи нозете и рацете.
расчепинозе | ж.
Неморална жена.
расчепиуста | ж.
Жена или маж што многу зборува; алапачка, брборка, брборко. Тој ти е една расчепиуста што ја нема. Сосетката ми е расчепиуста
расчепка | св.
Разгребе, раскопа, чепкајќи со раце, прсти, нокти и сл. Тој си ја расчепка косата. Таа си ја расчепка раната.
расчеречи | св.
Подели на четири дела, расече, одвои на череци; раздели на делови. Тие го расчеречија јагнето. Волците го расчеречиле.
расчет | м.
Сметка, пресметка. Банката прави расчет за да ја провери состојбата. Расчет на кредитот.
расчетка | св.
Со четкање расчешла, среди, исчетка коса и сл. Таа ја расчетка косата со густа четка. Тој ги расчетка ресите на тепихот.
расчеша | св.
Со чешање разрани, исчеша многу. Тој си ја расчеша раната.
расчешла | св.
Со чешлање уреди коса; направи нешто да биде исчешлано. Таа му ја расчешла косата на девојчето. Тој ги расчешла опашките на коњите. Домаќинката ги расчешла ресите на тепихот.
расчешне | св.
Растргне, раскине, уништи со тргање, со кинење. Волкот го расчешнал јагнето. Таа со раце го расчешна материјалот.