равенство | ср.
(само едн.) Еднаквост.
рагби | ср.
Вид игра меѓу два тима со по 13 или 15 играчи кои настојуваат јајцевидната топка, удирајќи ја со нога и подавајќи ја со раце, да ја префрлат во противничкото поле.
рагбист | м.
Играч на рагби.
раглан | м.
Вид капут со косо скроени ракави што започнуваат од јаката и одат косо до под пазувите.
рагу | м.
Јадење од повеќе вида ситно сечкано месо со зеленчук приготвено во сос.
рад | прид.
Волен, спремен. Али си рада девојче вечер да дојдам.
радар | м.
Апарат којшто со помош на електромагнетни ултракратки бранови и времето на нивното одбивање од некој објект ја утврдува оддалеченоста и положбата на тој објект.
ради | предл.
Го правеше тоа ради себе, а не ради дружината.
Радика | ж.
Река во Македонија.
радикал 1 | м.
Приврзаник на решителни мерки, на коренити, конкретни промени.