радијален | прид.
Што е во вид на зраци; насочен по радиус.
радијатор | м.
Направа за загревање на простории, составена од поврзани, вертикални метални ребра низ кои протекува топла вода или пареа. Радијаторот е млак, греењето е слабо.
радијација | ж.
(физ.) Енергија што материјалните честички или електромагнетните бранови насочено ја пренесуваат низ просторот; зрачи, зрачење. Сончева радијација.
Радика | ж.
Река во Македонија.
радикал 1 | м.
Приврзаник на решителни мерки, на коренити, конкретни промени.
радикал 2 | м.
(хем.) Група атоми со еден слободен електрон, хемиски многу реактивна, па е со кус век на траење.
радикален | прид.
Што ја засега основата, суштината; коренит. Радикални промени. Радикално гледиште.
радикализам | м.
Стремеж кон коренити, суштински промени, примена на крајни, решителни мерки, целосна доследност во застапување на некои тези, идеи и мислења.
радикализација | ж.
Коренита, решителна промена; радикализирање. Во тој период доаѓа до радикализација на неговите ставови.
радикализира | св. и несв.
Темелно измени, изменува нешто или односот кон нешто; направи, прави да биде нешто порадикално.