разреси | св.

Направи да има реси, направи нешто да се реси. Таа ја разресила плетката. Децата го разресија пердето.

разретчен | прид.

Што е проретчен, со поголем простор околу себе. Разретчени заби. Разретчена шума.

разретчи | св.

Изретчи, проретчи, направи да биде изретчено, проретчено. Таа го разретчи расадот. Дивите сечачи ја разретчија шумата.

разрешение | ср.

Резултат, објаснение, разјаснување, конечен производ, одговор или решение. Тој го чека разрешението од судскиот спор. Има неколку разрешенија на ова прашање. Сè уште нема разрешение за спорот со името.

разреши | св.

Реши со обмислување, најде вистинско решение, најде правилен одговор. Дали може да се разреши загатката на животот? Тој ќе разреши кому ќе припадне наградата.

разрешлив | прид.

Што може да се разреши. Разрешлива ситуација. Разрешлив проблем.

разрешница | ж.

Ослободување од должност откако ќе се оцени работата на разрешениот (раководител, орган и сл.). Тој им даде разрешница на поранешните членови. Раководството доби разрешница.

разрива | несв.

разривач | м.

Земјоделска машина за обработка на почвата. Длабоко разровкување на почвата се врши со разривачи и специјални плугови.