раководител | м.

Лице што раководи, управува нешто, управувач на определена работа. Тој беше раководител и учител. Раководител на проектите. Класен раководител. Стручен раководител. Раководител на смена.

раководителски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на раководител. Раководителски средби. Раководителски состанок.

раководство | ср.

(само едн.) Насока, упатство, прирачник, поставени правила според кои треба да се постапува. Раководство за работа. Наставникот им остави раководство за часот.

ракоделен | прид.

Рачно изработен. Ракоделни предмети.

ракоделец | м.

Работник што работи рачно, што се занимава со рачна изработка. Се намали бројот на ракоделците.

ракоделски | прид.

Што се однесува на ракоделец и на ракоделство. Ракоделски планови. Ракоделска програма за работа.

ракоделство | ср.

Рачен труд, обично женска рачна работа (плетење, везење и сл.). Ракоделството се насочи кон културното фолклорно наследство и кон традицијата.