ракиџилница | ж.

Место каде што се произведува, каде што се вари ракија. Зад куќата имаа ракиџилница. Ракиџискиот казан беше ставен среде ракиџилницата.

ракла | ж.

Ковчег, сандак за облека. Дрвени ракли. Црна дрвена ракла со метални украси.

раклица | ж.

Едногодишно растение, еден од најчестите видови плевел во житото; Agrostemma githago. Животните се трујат од плодот на раклицата.

раков | прид.

Што се однесува на рак, што е од рак; Раков специјалитет. Ракови јајца. Ракова салата.

раковиден | прид.

Што има форма на рак1, што е сличен на рак; Раковидни знаци. Раковидна градба. Раковидни животни. Раковидни фигури.

раковина | ж.

Цврстиот, тврд, коскест заштитен покрив кај некои животни (рак, полжав и сл.). Раковината се крши за да се дојде до месестиот дел.

раководен | прид.

Што раководи со нешто, во некоја област, што се однесува на раководење. Раководен тим. Раководно место. Раководен кадар. Раководна улога. Раководни лица. Раководни функции.

раководи | несв.

Организира, планира, управува нешто, одлучува и стои на чело на нешто како раководител. Тој ја раководи секцијата. Професорот го раководеше нашиот тим. Тој ја раководеше фирмата. Тој раководи со војската.