рандеву | ср.
Состанок, обично љубовна средба. Моето прво рандеву пропадна.
рандман | м.
Сооднос, принос, приход добиен од сировината во вид на фабрикат или на полуфабрикат (обично во рударството и во прехранбената индустрија). Со машинската преработка на грозјето се добива поголем рандман на шира. Рандманот од оваа сорта говеда е висок.
раненик | м.
Посвоеник, посвојче. Таа го чуваше својот раненик од бебе. На крајот си зедоа раненик.
ранет | ж.
Лице на кое му е нанесена рана. Ранетите ги сместија во најблиската болница. Ранетиот се освести и прозборе. Ранетата не зборуваше и не помнеше ништо
ранет | прид.
Што има, што добил рани, телесни повреди. Ранети војници. Тројцата беа тешко ранети. Ранети птици. Ранет волк. Ранета срна. Ранет со нож.
ранец 1 | м.
Вид лоза. Ранецот успева во Кавадаречко.
ранец 2 | м.
Еден вид специјална торба, чанта со ремени отстрана што се носи нарамена на грб; Планинарски ранец. Војнички ранец. Училишни ранци.
ранешен | прид.
ранжир | м.
Распоред, разместување, средување според определени мерила, критериуми, потреби. Тој врши ранжир на книгите во библиотеката. Изврши ранжир на вагоните во композицијата.
ранжира | св. и несв.
Распореди, распоредува, размести, разместува нешто; Таа ги ранжира книгите и старите списи. Два часа ги ранжира железничките вагони.