рамо | ср.

(анат.) Дел од човечкото тело од вратот до горниот крај на раката, надлактицата. Тој го стави палтото на рамо и си замина. Навивачите го кренаа на рамена и го носеа меѓу толпата. Тој го повреди рамото. Со мотика на рамо. Повредено рамо.

рампа | ж.

Пречка на некаков премин од еден во друг простор или во ограден простор (преку пруга, на паркинг, преку граница и сл.). Гранична рампа. Наплатна рампа. Крената рампа.

рамстек | м.

Парче чисто, меко, сочно јунешко месо од страничниот дел на грбот. Порачаа два рамстека. Парче рамстек испечено на жар.

ран | прид.

Што се случува, што е, што се јавува на почетокот на денот. Рано утро. Рана зора.

рана 1 | ж.

Отворена, механичка повреда на ткивата придружена со прекин на интегритетот на кожата, телесна повреда, кај човек или кај животно, со некое оружје, остар предмет или со каснување од некое животно; повреда Површинска рана. Внатрешна рана. Отровна рана. Огнострелна рана. Длабока рана. Преврзани рани. Инфицирани рани. Зараснати рани. Рани по целото тело. Отворени рани. Крвави рани.

ранак | м.

Прво дете што се раѓа порано. Тој е ранак, се роди на седум месеци. Ранаците обично се машки.

ранг | м.

Звање, степен, чин во хиерархија. Висок ранг. Понизок ранг. Ранг на министер.

рангира | св. и несв.

Постави, поставува според ранг, определи, определува ранг. Жирито ги рангираше мелодиите и ја избра најдобрата. Учениците беа рангирани според успехот.

Рангун | м.

Главен град на Мјанмар.