ранлив | прид.

Што може да биде ранет, да добие рана. Само петицата беше неговото ранливо место.

рано | прил.

ранобуден | прид.

Што се разбудува, што се буди рано. Ранобудните петли ја навестија зората. Ранобудни фабрички работници. Ранобудна домаќинка.

ранобудник | м.

Тој што се буди, што се разбудува рано. Тој е ранобудник.

рановизантиски | прид.

Што е, што се појавува во раниот византиски период. Рановизантиска книжевност. Рановизантиски текстови. Рановизантиска епоха.

раноградинарски | прид.

Градинарски култури што се јавуваат рано напролет. Раноградинарски производи. Раноградинарски зеленчук.

раноесенски | прид.

Што е, што се појавува рано наесен. Раноесенски производи. Раноесенски температури.

ранозрел | прид.

Што достигнува рано зрелост, порано завршува со растење. Ранозрели раси овци. Мерино прекос означува ранозрела овца.

ранопролетен | прид.

Што е, што се појавува рано напролет. Ранопролетни култури. Ранопролетни температури.